!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

Сончево со температура до 24 степени


       
Скопје, 20 март, 2017 - 8:55 (META) 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, повеќе застапена во југозападните делови. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а во источните делови слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје и во околината ќе биде сончево со мала облачност и со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 22 Целзиусови степена.

До крајот на работната недела нашето подрачје ќе биде под влијание на топла воздушна маса, што ќе предизвика времето да биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер.

Максималната температура ќе биде повисока од просечната за овој период од годината. Повеќе облачност ќе има в четврток, кога ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд, особено во западните делови од земјава.