fbpx

Сончево со температура до 18 степени

-

Времето претпладне ќе биде променливо облачно, во источните делови од земјава со слаб локален дожд. Попладне постепено облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието и на исток.

Минималната температура ќе се движи од 3 до 8 Целзиусови степени, а дневната од 10 до 18 степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено облачно, попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 4 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 15 степени.

Од утре следува период на стабилно и суво време со пораст на дневната температура.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...