Сончево и топло време, температура до 36 степени


       
Скопје, 9 август, 2018 - 9:25 (META) 

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне во планинските предели ќе има ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ индексот ќе биде осум.

Утринската температура ќе се движи до 19, а дневната температура ќе достигне до 35 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.

Утре ќе има изолирана појава на нестабилност, главно во планинските подрачја, а кон крајот на денот и в сабота ќе има поизразена нестабилност, на места со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Во недела ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи.