fbpx

Сончево и топло време со умерена облачност

-

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во планинските предели со услови за краткотраен пороен дожд особено на исток. Ќе дува умерен југоисточен ветер.

Утринската температура се движеше од 6 до 12 Целзиусови степени,  дневната од 22 до 30 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура се спушти до 11 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

Утре во планинските предели особено на запад ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, а ветерот повремено ќе засилува. Потоа ќе продолжи период на променливо облачно и нестабилно време во кој претежно во попладневните часови ќе има повремени врнежи од дожд, понекаде поројни и проследени со грмежи. Повеќе врнежи се очекуваат утре и в сабота, особено во западните делови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавен прирачник за употреба на вештачка интелигенција во новинарството

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) промовираше Прирачник за едукатори по Новинарство: Известување за Вештачка Интелигенција издаден од УНЕСКО, а објавен на македонски и на албански јазик....