Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне во планинските предели ќе има ретка појава на краткотраен дожд и грмежи и ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната температура од 23 до 36 Целзиусови степени. Во Скопје слично време со утринската температура до 18 и дневна до 33 Целзиусови степени.
Утре од пладневните часови ќе биде нестабилно, најпрвин во западните делови, а потоа нестабилноста претежно преку северните ќе се преместува кон источните делови.
Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, на места со засилен ветер и услови за појава на град. Во следните денови ќе биде променливо облачно и нестабилно. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.