Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево и топло, а попладне само во крајните северни планински делови се очекува краткотрајна нестабилност, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Утринската температура се движеше од 11 до 19 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 29 и 36 степени.
УВ-индексот ќе биде 9.
Во Скопје времето, исто така, ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност попладне.
Утринската температура се спушти до 17 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 34 степени.
За време на викендот дневните температури ќе бидат во благо опаѓање и во попладневните часови во западните делови од земјата можна е изолирана појава на краткотраен дожд.