fbpx

Сончево и топло време со температура до 21 степен

-

Времето денеска ќе биде сончево, со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 3 Целзиусови степени, а дневната од 14 до 21 степен.

Во Скопје и во околината ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец и максимална температура до 20 Целзиусови степени.

В четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а облачноста постепено ќе се зголемува. В петок во југосточните делови од земјава ќе има слаб дожд. За време на викендот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...