fbpx

Сончево и топло, со умерена локална облачност

-

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а попладне во крајните западни и јужни делови од земјава ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од девет до 17, дневната од 26 до 32 Целзиусови степена. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 31 Целзиусов степен.

Во следните два дена во попладневните часови во крајните западни и јужни делови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во петок и во деновите од викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално се очекуваат и поинтензивни процеси. До петок дневните температури ќе бидат во благ пораст.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...