Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен југозападен и западен ветер.
Утринската температура ќе се движи од девет до 16 Целзиусови степени, а дневната од 27 до 35 степени.
Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје ќе преовладува слично време со утринската температура до 13 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне 35 степени.