fbpx

Сончево и топло денеска

-

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево, со слаб до умерен северен ветер.

Температурата во текот на денот ќе биде навистина висока за овој период од годината, и ќе се движи од 13 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје, слично време, сончево со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 17 Целзиусови степени.

До утре ќе се задржи претежно сончево и релативно топло време.

В петок ќе преовладува облачно време со локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

В сабота ќе има повремени слаби врнежи од снег и на некои пониски места. За време на викендот ќе дува засилен, а повремено и силен ветер од севроисточен правец што ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...