fbpx

Сончево и студено – во Маврово измерени минус 19 Целзиусови степени

-

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Во текот на денот ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се движи од минус 17 до минус 8 Целзиусови степени, а дневната од минус 13 до минус 6 степени.

Во Скопје и во околината нè очекува слично време. Утринската температура ќе се спушти до минус 13 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до минус 9 степени.

Во следните денови нè очекува променливо облачно и многу студено време, со многу пониска утринска температура, која на некои места ќе се спуштат и до минус ­20 Целзиусови степени.

Утринава најстудено е во Маврово, каде се измерени  минус 19 Целзисуови степени, а зад него се Крушево и Лазарополе со минус 18, Тополчани и Ѓуриште минус 17, Пожаране  минус 15, Прилеп, Крива Паланка и Берово минус 14,  Претор, Охрид, Виница, Дебар, Куманово и Битола  минус 13, Штип и Тетово минус 12,  Скопје  минус 11, Струмица, Демир Капија и Дојран минус 10 и во Гевгелија минус 8 Целзиусови степени.

Во изминатите 24 часа врнежи се регистрирани во Берово, Битола, Прилеп, Виница и Ѓуриште по 1 литар на квадратен метар, Крива Паланка и Куманово 2, Пожаране 3, Тополчани 4 и во Маврово 5 литри на еден квадратен метар.

Висината на снежната покривка се движи од 4 сантиметри во Дојран, 8 во Претор, 10 во Струмица, 11 во Виница, во Скопје е З сантиметри, 12 во Демир Капија, 14 во Прилеп, 15 во Штип, 18 во скопски Петровец, 19 во Охрид, 20 во Куманово, 21 во Битола, 23 во Крушево, 25 во Крива Паланка, 26 во Ѓуриште, 27 во Берово, 30 во Дебар и во Тетово, 34 во Тополчани, 51 во Лазарополе, 60 во Пожаране, а во Мврово изнесува 84 сантиметри.

Според последните податоци, слаб снег паѓа само во Прилеп, а во Штип ветерот дува со брзина поголема од 80 километри на час.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Температурните разлики се шок за луѓето, летоска можно е да има грмотевични бури

Деновиве се случуваат големи температурни осцилации. Влеговме во пролет со летни температури, а сега имаме ниски температури. Чувствителните луѓе реагираат на овие драстични временски разлики бидејќи организмот не може...