fbpx

Сончево и потопло време со умерен ветер

-

Времето денеска ќе биде претежно сончево и потопло. Преку денот ќе дува умерен југоисточен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Минималната температура во земјава ќе се спушти во интервалот од три степени под нулата до пет Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 15 до 23 Целзиусови степени.

Во Скопје, слично време утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе достигне 20 Целзиусови степени.

За време на викендот времето ќе биде стабилно и потопло со умерен, повремено засилен јужен ветер. Температурата на воздухот ќе има тенденција на покачување, освен утре кога се очекуваат пониски утрински температури. Во почетокот на следната недела ќе има зголемување на облачноста со повремен локален дожд.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...