!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

„Сон кој живот значи“ – ликовна изложба во Охрид


       
Охрид, 21 декември, 2016 - 10:56 (META) 

Во изложбениот салон при Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид синоќа е отворена изложбата „Сон кој живот значи“.

Владимир Темков, Драган Најденовски и Владимир Симоновски, низ својата заедничка изложба, го оживуваат сонот на секој што има храброст да погледне во својата душа, да живее во мигот кој значи живот, да сонува и да создава трајни и непроценливи вредности.

„Големината на човекот е во видливоста, сензибилноста, грандиозноста, трајноста, безвремената сила и во неговите дела. Сонот може да биде јаве само тогаш кога неговиот запис живее, отелотворен во поединецот кој низ него ја храни сопствената душа, својот ум, го трасира личниот пат“, стои во најавата за изложбата.