fbpx

Софијанова, Парнаџиева-Змејкова и Тодоров не биле на сослушување за Тамара

-

Ниту директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова, ниту, пак, поранешната директорка на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнаџиева-Змејкова, не биле повикани на разговор во Обвинителството за случајот со смртта на Тамара Димовска од Велес.

Софијанова во телефонски разговор ни одговори дека не била во Обвинителството за случај кој се води за смртта на Тамара, а истото телефонски ни го потврди и Парнаџиева-Змејкова.

Директорката на детската клиника кон крајот на минатата година во емисијата „Топ-тема“ рече дека сите членови на комисијата што донесе одлука Тамара да не се испрати во странство биле повикани на сослушување.

„Телма“ денеска објави дека добиле потврда од Обвинителството дека делото злоупотреба на службената положба, за кое, всушност, се товари Тодоров, засега не е предмет за обвинение.

Мајката на Тамара во изјава за „24 Вести“ смета  дека соопштението од Обвинителство е само поради најавениот протест, кој утре треба да се одржи пред зградата на Основното јавно обвинителство во Скопје.

„Ги сослушуваат осомничните за несовесно работење, а нема никој осомничен за злоупотреба на функција, што би се однесувало на министерот за здравство, Никола Тодоров, кој јавно вети помош за мојата Тамара. Дали тоа значи дека министерот е изземен од случајот поради неговата министерска функција. Мислам дека реакцијата на Обвинителството е поради најавениот протест, кој треба утре да се одржи пред нивните врати – вели мајката на Тамара, Жаклина Димовска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...