fbpx

Собранискиот спикер Џафери во официјална посета на Словенија

-

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, престојува во официјална посета на Република Словенија каде ќе се сретне со претседателот на Државниот Збор на Република Словенија, Дејан Жидан.

Џафери ќе има средби и со претседателот на Република Словенија Борут Пахор и претседателот на Владата, Марјан Шарец.

Покрај тоа, собранискиот спикер ќе се сретне со членовите на Комитетот за надворешна политика, Комитетот за ЕУ работи, Комитетот за одбрана, Групата на пријателство со Република Македонија и со министерот за надворешни работи на Република Словенија.

Во Програмата за посета е предвидено и обраќање пред пратениците на Државниот Збор и средба со координаторите на пратеничките групи.

Во состав на Делегацијата предводена од претседателот на Собранието ќе бидат и членовите на пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Словенија, Фросина Ташевска – Ременски, потпретседател на Собранието на Република Македонија и член на групата за соработка Нада Ципушева, претседател на Групата за соработка со Парламентот на Република Словенија и Шпреса Хадри, исто така член на групата за соработка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...