fbpx

Собраниската комисија за политички систем ќе ја чека Јанева за да расправа по извештајот

-

Почна и речиси во исто време заврши седницата во салата 4 во Собранието на Република Македонија, каде Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците требаше да го разгледува извештајот на специјалната обвинителка, Катица Јанева. Седницата ја отвори пратеникот Влатко Ѓорчев, а во салата имаше метеж затоа што присуствуваше целата претеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека била поканета и специјалната обвинителка, која не се појави, па затоа седницата ја презакажа за утре во 11 часот.

Комисијата ќе треба да даде мислење за извештајот на СЈО, а додека не го стори тоа, извештајот нема да може да се стави на дневен ред на пленарна седница.

Пратениците од владејачката партија во салата носеа примерок од отчетот што синоќа беше презентиран во „Јане Сандански“.

Специјалната обвинителка не присуствуваше и на седницата на Советот на јавни обвинители за извештајот, во петокот минатата недела, поради што, како што соопшти претседателот на Советот, Петар Аневски, оваа точка не била на дневниот ред и е презакажана за оваа среда.

Аневски ја повика Јанева да дојде в среда, бидејќи, како што рече, тоа е нејзина должност, а и на членовите на Советот им биле нејасни доста наводи во извештајот и сакале да ѝ постават прашања на специјалната обвинителка.

Од СЈО, пак, изјавија дека специјалната обвинителка нема законска обврска да учествува на седницата ниту досега било практика раководителите на обвинителствата во Република Македонија да присуствуваат и да реферираат пред Советот за вакви извештаи, како и тоа дека треба да се има предвид автономијата на Специјалното јавно обвинителство.

Собранието в понеделник, на 28 март, ќе го разгледува извештајот на Јанева на пленарна седница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...