fbpx

Собранието во 13 часот ќе расправа за законот за јазиците, Мицкоски повикува „на разум“

-

Претседателот на Собранието, Талат Џафери за денеска во 13 часот ја закажа седницата на која како точка на дневен ред е третото читање за законот за употреба на јазиците за кој опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе 36.000 амандмани.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, рече дека законот за јазици, за кој вели дека е неуставен, се става на дневен ред во Собранието за гласање на денот кога започнал воениот конфликт во Тетово.

Тој рече дека одлучил да ја прекине денешната теренска агенда на посети на населени места и средби со граѓани поради сериозноста околу носењето на неуставниот закон за јазици.

– Ова не смее да се дозволи. Лошо ќе влијае врз Република Македонија, за нејзиниот имиџ пред меѓународната заедница, но и пред домашната јавност. За последен пат повикувам на разум – да се избегне едно девијатно однесување во парламентот и насилно усвојување на овој закон. Повикувам на почитување на Деловникот, разгледување на амандманите и отворање на амандманска расправа, којашто ВМРО-ДПМНЕ ја очекува. Се друго ќе предизвика реперкусии и за тој што ќе се одлучи да ги прекрши законите, но и сите оние коишто ќе го поддржат во таа постапка – рече Мицкоски.

На оваа седница има уште 18 точки за разгледување по што со Собранието ќе продолжи со работа по 11 седница на која на дневен ред е законот за заштита од пушењето. По неа закажана е 35 седница на која има 45 точки на дневен ред.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...