fbpx

Собранието утре продолжува со работа, ќе се гласа Законот за јазиците и уставните судии

-

По новогодишните празници Собранието утре ќе одржи шест пленарни седници со по неколку точки на дневен ред. На првата седница за оваа година на дневен ред ќе се најдат изборот на уставни судии и Предлог-законот за употреба на јазиците.

Собранието ќе ги одржи и 26, 22, 11, 13 и 15 седница на кои како точки на дневен ред помеѓу другите ќе бидат и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на сведоци, Предлог-законот за укинување на Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување на одговорност за судија по скратена постапка, Предлог-законот за изменување на Законот за пушење како и интерпелациите на министрите за земјоделство, Љупчо Николовски, за труд и социјална политика Мила Царовска, за финансии Драган Тевдовски, за култура Роберт Алаѓозовски и за животна средина Садула Дураку.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери за 15 јануари ја закажа седницата на која пратениците ќе го разгледуваат предлог-законот за ратификација на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија кој го потпишаа премиерите на двете земји, Зоран Заев и Бојко Борисов на 1 август минатата година во Скопје.

На истата седница, точки на дневен ред се и законот за новата Оперативно-техничка агенција (ОТА) и новиот Законот за следење на комуникациите, во прво читање, кои се дел од реформите во безбедносните служби и системот за прислушување, што произлегоа од извештаите на експертскиот тим на Европската комисија предводен од Рајнхард Прибе.

На 18 јануари пред пратениците ќе се обрати генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој месецов доаѓа во посета на Македонија. Седницата, како што е наведено на официјалната веб-страница на Собранието, е закажан за точно напладне и освен неа за овој ден не се закажани други седници на законодавниот дом.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...