fbpx

Собранието по втор пат го ратификуваше Договорот со Грција, Мухиќ гласаше воздржано

-

Собранието со 69 гласа „за“, еден „воздржан“ и без присуство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по втор пат го изгласа законот за ратификација на Договорот со Грција кој го постигнаа македонската и грчката влада, а на 17 јуни во Преспа го потпишаа министрите за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕиас.

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, во образложението на Договорот се осврна на петте точки кои претседателот Ѓорге Иванов ги даде во своето писмо до Собранието како аргументи за непотпишување на законот.

– Првата точка вели дека не може да се прифатат идеи и предлози кои што ќе го загрозат македонскиот идентитет и јазик. Ве уверувам дека ниту јас ниту било кој член на владата прифаќа такви идеи. Конечната спогодба е сосема спротивното. Таа не само што не ги загрозува туку ги реафирмира и ги зацврстува како никогаш до сега. Во пракса спогодбата ќе донесе етаблирање на нашиот идентитет и ќе ја надмине ситуацијата на несоодветно именување и на државата и на народот. Во точка два се цитира уставот, должни сме да бидеме искрени. Како што идентитетот не може да се брани компромитирајќи го, така и Уставот не може да се брани кршејќи го. Претседателот, според Уставот, е должен да го потпише законот – рече Димитров.

Тој анализирајќи еден од аргументите на Иванов потенцираше дека до сега Собранието ратификувало вкупно 897 договори, од кои само пет биле потпишани од институцијата претседател. За последниот аргумент, во кој Иванов вели дека потпишувањето на законот е кривично дело, Димитров вели дека е „на линија на ширење страв“.

– Време е кога нам ни треба пред се храброст и одговорност за сите идни генерации. Време е да се најдеме на интересите на татковината. Сите имаме лични, некои имаат и партиски, но сите мора да бидеме сплотени во интересите на државата – додаде Димитров.

Единствениот кој гласаше воздржано беше пратеникот од владејачката коалиција Ферид Мухиќ кој рече дека едногласноста е спротивна на демократијата и рече дека за ова судбоносно прашање ќе гласа според совеста и дека тоа му е загарантирано со Устав.

– Сите зборуваме за придобивките кои што ни се ветени но познато е дека во политиката не постои бесплатен ручек. Ова е ултиматум за да го добиеме она што ни припаѓа. Самиот услов промена на името е спротивно на меѓународно право и претставува апсолутен преседан што до сега не се случил. Спогодбата е втемелена врз голема неправда. Гласот на овој народ треба да се слушне, светот мора да разбере на што е принудена оваа влада овој народ и оваа држава. Се создава впечаток дека сме украле нешто туѓо, дека сме фатени во таа кражба и сега мора да го вратиме туѓото – рече Мухиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...