fbpx

Собранието ќе се распушти без да си ги заврши обврските кон Катица Јанева

-

Денеска на полноќ, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, треба да констатира дека законодавниот дом се распушта 60 дена пред избори, како што е предвидено според Изборниот законик.

Во јули лидерите на четирите најголеми политички партии во Пржино се договорија дека опозицијата ќе се врати во Собранието, како една од мерките за решавање на политичката криза.

Оттогаш Собранието требаше да реши, а не успеа, неколку клучни работи за ублажување на политичката криза.

  • Со посредство на белгискиот олеснувач Питер Ванхауте се формираше Анкетната комисија со која требаше да се реши скандалот со прислушуваните разговори. Комисијата одржа неколку седници. За сведок беше повикан и тогашниот премиер Никола Груевски, но тој сведочеше зад затворени врати. Иста желба имаше и министерот за финансии, Зоран Ставрески, и тоа ја закочи работата на комисијата. Пратениците не поднесоа извештај за работата на комисијата.
  • Слична судбина имаше и другата (контра) Анкетна комисија за расчистување на аферата со личните карти. СДСМ одби да партиципира во оваа комисија со објаснување дека веќе постои една комисија за да го реши скандалот.
  • Пратениците не го донесоа ни Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, без кој од СДСМ најавуваа дека не може да има фер и демократски избори.
  • На идните пратеници во аманет ќе им остане и Законот за заштита на сведоци, поднесен од Специјалното јавно обвинителство, од каде што информираа дека поднеле иницијатива за измени на овој закон со кој се бара СЈО да добие надлежност во постапка за заштита на сведоци.
  • Наредниот состав на Собранието ќе треба законите за заштита на приватноста и за свиркачите да ги дополни со препораките што беа дел од мислењето на Венецијанската комисија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....