fbpx

Собранието ќе добие Етички кодекс, денеска се проучуваше францускиот модел

-

Собранието на Република Македонија подготвува Етички кодекс кој ќе има за цел да ја зајакне етиката кај пратениците и да ја зголеми довербата во Парламентот.

На панел-дискусијата „Улогата на парламентарниот етичар во спроведувањето и почитувањето на Етичкиот кодекс во Парламентите – пракса од Националното собрание на Француската Република“,  претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека документот е во нацрт верзија и тој треба да овозможи етички норми, стандарди и правила кои ќе бидат секојдневие, без разлика дали некој е на власт или во опозиција.

Според етичкиот експерт во француското собрание, Фердинанд Сукраманен, парламентарната етика треба да се заснова на четири принципи и тоа доверба меѓу пратениците, нивните постапки надвор од Собранието, надоместоците за нив од надвор и контролата на трошоците на пратениците.

– Парламентарната етика е основа за создавање доверба во Собранието. Таа треба да содржи каква било изјава на пратеникот, анкетниот лист, неговите врски со бизнисот, приватните интереси итн. Во Франција постои принцип за секој подарок над 150 евра, пратеникот треба да се консултира со тие од собраниската етика. Патните трошоци за пратениците да се плаќаат на независна сметка, така што нивната контрола да е полесна. За секој трошок, дури и приватен, но од јавен интерес, пратеникот треба да се консултираат со одговорните за етиката со цел да се преземаат превентивни мерки за евентуалните злоупотреби, посочи Сукраманен.

Наредната недела во Охрид, етичкиот кодекс ќе биде дел од дијалогот меѓу власта и опозицијата, во рамки на дијалогот „Жан Моне“. Иницијативата на неколку европратеници беше предвидена за јануари па одложена поради несогласување од сите политички партии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...