fbpx

Собранието ја усвои Стратегијата за културата до 2022 година

-

По долга, речиси едночасовна дискусија, Собранието попладнево на продолжение на 40-тата седница, ја изгласа Националната стратегија за развој на културата во Република Македонија во периодот 2018 – 2022 година.

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, кој ја бранеше стратегијата од тројцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Магдалена Манаскова, Крсто Јовановски и Драган Данев, нагласи дека стратегијата, сепак, ќе овозможи департизација и фер политики во културата.

На пратениците од ВМРО-ДПМНЕ им реплицираа нивните колеги од владејачката коалиција, притоа наведувајќи го пропустот на поранешната власт да ја изготви Стратегијата на време, онака како што било предвидено.

Од спротивната страна стаса одговор дека тоа било невозможно, оти во последните година и пол од власта на ВМРО-ДПМНЕ, на функција била техничка влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Откажани денешните и утрешните летови меѓу Скопје и Виена поради протест на вработените во „Аустриан Ерлајнс“

Вработените во „Аустриан Ерлајнс“ денеска, четврток и утре, петок (28 и 29 март) штрајкуваат поради несогласувања околу платите, што резултираше со откажување на околу 400 летови, што, пак, ќе...