fbpx

Собранието ја продолжува расправата за Законот за употреба на јазиците

-

Собранието денеска ќе ја продолжи 15. седница на која на дневен ред е законот за употреба на јазициите. Предлог-законот е со европско знаменце, односно треба да биде донесен по скратена постапка.

Расправата по оваа точка на претходните продолженија на седницата се одвиваше во тензична атмосфера, бидејќи пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека законот е неуставен, дека е резулатат на политички договор на владејачката коалиција и дека нема аргументи за законот да е обележан со европско знаменце.

Ставот на опозицијата вчера го повтори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во емисијата „200“ на „Алсат-М“, кој рече дека откако законот ќе биде донесен, може да падне на Уставениот суд, што, како што додаде, не е чесно кон Албанците, чија поддршка преку законот СДСМ се обидува да ја добие на локалните избори.

– ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против употребата на јазиците на сите етнички заедници во Македонија, вклучувајќи ја и албанската, впрочем во 2008 година се донесе Законот за употреба на јазиците и се донесе во време кога ВМРО-ДПМНЕ ја водеше владата. Но, она што ние се залагаме да не се случи е да не се донесе закон што ќе биде противуставен и кој подоцна може да падне на Уставниот суд… Тоа е нечесно и не е фер кон Албанците, тоа е некоректно – вели Груевски.

Тој додаде дека доколку во „втората фаза“ се понуди решение кое е уставно, ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи таквиот закон за употреба на јазиците.

Од владејачкиот СДСМ, пак, велат дека предложениот закон за употреба на јазиците не е противуставен, туку е во согласност со членот 5 од Уставот на Република Македонија и ја унапредува употребата на сите јазици на немнозинските заедници и отвора шанса за изградба на едно општество за сите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...