fbpx

Собранието ја почна, па ја прекина расправата за именување на јавниот обвинител

-

Собранието попладнево ја почна расправата за именување на Љубомир Јовески за нов државен јавен обвинител, но по образложението на предлогот од заменик-министерот за правда, Оливер Ристовски, и говорот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, ја прекина седницата и за нејзиното продолжение рече дека дополнително ќе извести.

Заменик-министерот за правда во образложението наведе дека Јовески целата кариера ја градел во правосудните институции, односно во судот, јавното обвинителство и како член на Советот на јавни обвинители и дека неговото професионално искуство и неговите високи морални квалитети биле главните причини Владата да го предложи за оваа функција.

– Неговата биографија е гаранција за успешно вршење на функцијата јавен обвинител, пред која се исправени голем број предизвици – рече Ристовски.

Пратеникот и координатор на една од десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, во својот говор не го проблематизираше предлогот Јовески да биде именуван за оваа функција, туку побара јавниот обвинител да го предлага опозицијата и тој да се избира со двотретинско мнозинство. Димовски рече дека Собранието наскоро ќе мора да отвори дебата и за, како што нагласи, концентрираната моќ во Јавното обвинителство како институција.

Претходно, на денешната 22. седница, Собранието по скратена постапка ги донесе измените на законот за здравственото осигурување, на законот за придонеси од задолжително социјално осигурување и измените на законот за акцизите, со кои акцизата за дизел-горивото се зголемува за три денари, односно од сегашните 12,1 денар ќе биде 15,1 денар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...