fbpx

Собранието им го одзеде имунитетот на шесте пратеници и го одобри барањето за притвор

-

Собранието денеска на пленарна седница одлучи да го одобри барањето на Основен суд Скопје за одземање на имунитетот и за притворање на пратениците Крсто Муковски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска, поради нивното учество во насилствата што се случија на 27 април годинава во Собранието.

За секој пратеник се гласаше посебно, а седницата ја бојкотираа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. За пратениците Крсто Муковски, Сашо Василевски и Љупчо Димовски, пратениците одлучија да го одобрат барањето за притвор со 67 гласа „за“ и без ниту еден против и воздржан, а за Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска, пратениците гласаа со 66 гласа „за“.

На расправата која траеше кратко, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, рече дека 27 април влегол во „срамната историја на државата“ и дека тој настан мора да биде расчистен.

– Тоа што се случуваше тој ден е спротивно на сите човечки, морални, но и законски правила и прописи. За нас не беше лесно да донесеме конечна одлука. Се потпревме врз практиката и врз мудроста на ова Собрание, кое и претходно се соочувало со вакви притисоци. Собранието не смее да му попречи на судот да работи. Изборот e јасен, не е лесен, но е ескплицитен. Убеден сум дека и нашите колеги и пратеници, за кои расправаме денеска, ја разбираат и ја поддржуваат потребата правдата да го најде својот пат. Ако се убедени во својата невиност, тогаш оваа одлука е во нивни интерес. Институциите имаат должност да го расветлат случајот за никогаш такво нешто да не се повтори – рече Тунтев.

Артан Груби од ДУИ рече дека 27 април треба да биде поука за сите и дека сите треба да бидат рамноправни пред законот.

– Тоа беше тежок ден за демократијата и за нашето општество и држава. Тие сцени никогаш не смее да се повторат и за ова сите имаме одговорност – додаде Груби.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...