fbpx

Собранието го усвои буџетот за 2019 година

-

По тридневна расправа во Собранието, пратениците го изгласаа буџетот за 2019 година.

Вкупните приходи се планирани на ниво од 210,8 милијарди денари, а расходите се планирани на 228,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е 17,7 милијарди денари, односно 2,5 проценти од домашниот бруто-производ (БДП), што е намалување во однос на годинава за половина милијарда денари, или за 0,2 процентни поени како процент од БДП.

– Тој предвидува праведно оданочување и мерки за стабилизација на ПИОМ, при истовремено вложување во сите клучни сектори на општеството: интензивирање на процесот на интеграција во НАТО, со значително повисок буџет за одбрана и повисоки плати за вработените; повисоки плати за лекарите специјалисти и за целиот медицински персонал; повисоки плати во образованието и градинкитe – рече министерот за финансии Драган Тевдовски во експозето за буџетот пред пратениците.

Буџетот е планиран врз проекција на раст на БДП од 3,2 проценти и инфлација два проценти.

Според пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, планираниот економски раст од 3,2 проценти е добар, но власта нема проекти за да го реализира.

Тие оценија дека имало слаб интерес за дебата за овој важен документ и дека власта ги одбила клучните амандмани на ВМРО-ДПМНЕ, БЕСА и Алијанса на Албанците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...