Пратениците попладнево го изгласаа ребалансот на буџетот за 2016 година. Суштинска ставка во расходите е обештетувањето на жителите од поплавените села Стајковци, Смиљковци, Синѓелиќ, Ченто, Црешево и од другите настрадани села под Скопска Црна Гора.
Приходите во буџетот со ребалансот се непроменети и остануваат на ниво на проекцијата од 174.291 милион денари. Расходите се зголемуваат од 195.472 милиони денари на 197.410 милиони денари, а се зголемува и буџетскиот дефицит од 3,6 на 4 проценти. Дефицитот ќе изнесува 23.119 милиони денари, место 21.181 милион денари.
За ребалансот на буџетот гласаа и пратениците од опозицијата за парите побргу да стигнат до настраданите семејства.