fbpx

Собранието го известило Иванов дека не е поднесен предлог за нова влада

-

Генералниот секретар на Собранието попладнево испратил допис до кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, во кој го информира дека до парламентот до синоќа на полноќ, кога истече рокот, не е доставена програма и предлог за составување нова влада од страна на мандатарот Никола Груевски.

Иванов денеска се сретна со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Сaмуел Жбогар, кого го известил дека „откако ќе добие официјално известување од Собранието на Република Македонија дека не е поднесена програма и предлог за состав на нова влада, ќе почне консултации со надлежните институции и со политичките партии“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинците не си ја продале православната вера, таа е доминантна во Украина

Високи 72 отсто од Украинците се декларираат како православни христијани од кои 54 отсто се приврзаници на автокефалната православна црква на Украина, 14 отсто се идентификувале како православни христијани...