fbpx

Собранието го донесе и законот за урбано зеленило

-

Покрај законот за амнестија, Собранието на денешната 30-та седница, ги донесе и законите за изменување и дополнување на законите за архивски материјал, за електронските комуникации, за основање на Македонска академска истражувачка мрежа, за заштита на културното наследство и на законот за филмската дејност.

Сите тие беа поднесени од Владата и се однесуваа главно на психолошките и тестовите за познавање странски јазици како обврска за раководните лица во институциите. Со законските измени, се исфрлаат тие тестови како задолжителни за директорите и членовите на одборите, како и за некои вработени.

Потоа беше донесен и законот за урбано зеленило поднесен од пратениците: Лилјана Поповска, Маја Морачанин, Петре Шилегов, Стефан Богоев, Благој Бочварски, Диме Велковски и Ејуп Аљими. Тоа е прв таков закон што се донесува и предвидува опсежна грижа за зеленилото.

Во законот стои обврска за изработка на зелен катастар на градот, односно попис на целото зеленило, по број, вид и состојба. Внесен е стандардот од 25 м²/жител зелена површина, за сите идни Генерални урбанистички планови, како и најмалку 20% зелена површина на секоја градежна парцела, зависно од намената и локацијата. Во веќе изградени блокови се прави компензација со поставување дрвореди и зеленило во жардињери, на покриви и фасади. Предвидена е строга заштита на постојното зеленило, особено на капиталните примероци, независно од видот на сопственоста. Се утврдуваат стандарди и нормативи за планирање, проектирање и одржување на зеленилото, како и носители на одржувањето.

Работата на Собранието застана кога на дневен ред дојде  Дополнетиот  предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за административни службеници во второ читање, но претседателот на Собранието, Талат Џафери, рече дека собраниските служби го известиле дека во текстот има одредени технички грешки и прогласи пауза, за да може грешките да се корегираат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Истовременото примање на МРП и ДиТеПер вакцината е безбедно и е препорачано од здравствените власти

Вакцината која содржи компонента против пертусис може да се дава истовремено со МРП вакцината со оглед на фактот што се работи за давање на една мртва и една жива...