fbpx

Собранието ги усвои измените на Законот за буџет

-

Со 47 гласови „за“ и со 23 „против“, Собранието по скратена постапка го донесе законот за изменување и за дополнување на Законот за буџет во рамки на 114. седница.

Новина е тоа што Владата во време на непогоди ќе одлучува за прераспределба на пет проценти од буџетот, без одобрение од Собранието, односно без да се прави ребаланс.

„Во случај на постоење на кризна состојба, одобрените средства во постојната буџетска резерва може да се зголемат со прераспределба на средства само помеѓу министерствата и другите органи на државната управа, за што одлучува Владата на Република Македонија, но намалувањето може да биде најмногу до пет проценти од постојните буџетски средства на министерствата и на другите органи на државната управа и притоа да не се наруши нивното редовно функционирање и вршење на утврдените законски надлежности, за разлика од другите случаи кога одлучува Собранието на Република Македонија“, стоеше во образложението за измените на Законот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...