fbpx

Собранието ги констатираше оставките на членовите на ДИК

-

Спикерот на Собранието, Талат Џафери денеска на пленарна седница констатираше дека им престанува мандатот на членовите на ДИК откако тие си поднесоа оставки.

Тој не соопшти кога и како ќе продолжи постапката за избор на нови членови на ДИК.

Нивните оставки следуваа по притисок на јавноста откако американскиот амбасадор Џес Бејли обелодени дека на затворена седница членовите одлучиле да си поделат бонуси за спроведување на локалните избори.

Во рок од три дена Талат Џафери ќе треба да ги извести партиите да предложат нови членови на Комисијата, а доколку тие не дадат свој предлог, членовите ги предлага собраниската комисија за прашања на избори и именувања.

Новите осум членови треба да бидат изгласани со двотретинско мнозинство.

Оставки поднесоа претседателот Александар Чичаковски, потпретседателот Реџеп Прекопуца и експертот Атанас Урумов како и партиските членови – Игор Милев и Виолета Дума предложени од СДСМ, Сашо Срцев и Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ и Субхи Јакупи од ДУИ. Само Ермира Асани Салија, од редовите на БЕСА не поднесе оставка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...