fbpx

Собранието ги изгласа министрите на СДСМ во преодната влада

-

Пратениците во Собранието денеска ги изгласаа двајцата министри од СДСМ во преодната влада, предвидена во Договорот од Пржино. За Оливер Спасовски, кој ќе биде министер за внатрешни работи, и за Фросина Ременски, која ќе биде министерка за труд и социјална политика, гласаа 95 пратеници, а двајца беа против.

Претседателот на владата, Емил Димитриев, кога ги предложи новите министри рече дека крајно време е да се организираат овие избори, како и дека целата влада и сите нејзини членови ќе помогнат во организирањето на изборите, кои никој подоцна нема да може да ги оспори.

Димитриев, исто така, рече дека во овие 100 дена не треба да се заборави на реализацијата на програмата на владата, како и дека очекува новите министри, заменици-министри и дополнителни заменици-министри да имаат коректна соработка, а не „како што било првиот пат3.

– Сметам дека политичката криза во Македонија е пред сам крај и дека овие избори ќе помогнат во надминувањето на кризата – рече Димитриев.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески, рече дека владејачката партија изминатите неколку месеци велела дека е за избори, но цело време барала начин да ги оневозможи.

– Амбицијата на нашите министри и заменици-министри не е да учествуваат во работата на владата на ВМРО-ДПМНЕ, туку да направат сè за во Македонија да се овозможат минимални услови да се спроведат фер и демократски избори. Јас тврдам дека на 11 декември ќе се одржат избори и на тие избори ќе победи Македонија, а не Груевски – рече Сугарески.

Илија Димовски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека како политичари можат да помогнат да се надмине оваа криза од која најмногу страдаат економијата на државата и граѓаните.

– Си имаме работа со несигурни луѓе и со несигурни политичари и затоа треба да направиме сè што можеме за да спречиме оваа политичка криза да се развива и понатаму, а страдањата на граѓаните да престанат – рече Димовски.

Независната пратеничка Роза Топузовска-Каревска рече дека со договорот кој го потпишале лидерите е прекршен членот 7 од Уставот затоа што тој е потпишан само на англиски, а не и на официјалниот јазик на Републиката.

Според неа, ниту еден услов за фер и демократски избори не е исполнет и таа не верува дека на 11 декември ќе има такви избори.

Собранието денеска ги изгласа и дополнителните заменици-министри од СДСМ, Кире Наумов, Љупчо Николовски и Александар Кирацовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...