fbpx

Собранието донесе заклучоци за настраданите во поплавите

-

Собранието вечерва усвои заклучоци за тоа што треба да се преземе за санирање на последиците од невремето од 6 август и поплавите што следеа во скопскиот и тетовскиот регион, во кои загинаа 22 лица, десетици се повредени, а причинета е огромна материјална штета.

Со усвоените заклучоци, меѓу другото, Собранието се заложува државните и сите надлежни институции да продолжат да излегуваат во пресрет на жителите од погодените подрачја се до конечно остранување, санирање и ублажување на последиците од катастрофалната временска непогода. Се бара Владата да го реализира заклучокот за авансно обесштетување на погодените семејства и да продолжи да се ангажира за брза проценка на штетите, а државните институции да преземат законски мерки против оние кои ја злоупотребуваат настанатата состојбата за финансиска корист.

Владата треба да изврши проценка и доколу е потребно да пренасочи средства од одредени тековни буџетски ставки во надлежни институции со цел справување со последиците од катастрофалната временска непогода. Министерството за финансии и Владата да подготват, а Собранието да разгледа одлука за прераспределба меѓу буџетските корисници со кои ќе се обезбедат средства за обесштетување на семејствата на загинатите лица, загрозените семејства, како и за санирање на штетите.

Средствата за кои досега не се преземени договорни обврски преку склучени договори, а предвидени за набавка на возила кои не се поврзани со основната дејнсот на буџетскиот корисник, изградба на репрезентативни објекти, купување мебел и друга опрема, како и средства за репрезентација, доколку е потребно делумно или целосно да бидат пренаменети за оваа намена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...