fbpx

Собранието да го спроведе Договорот од Преспа, порачаа Хан и Могерини

-

Високата претставничка на ЕУ за безбедност и надворешна политика Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во заедничка изјава го повикаа парламентот да го спроведе Договорот од Преспа за името и да ги усвои уставните измени. Могерини и Хан велат дека ова е историска шанса за земјата да направи решавачки чекор напред на патот кон Европската унија.

„На 30 септември, граѓаните на Поранешната Југословенска Република Македонија имаа можност да гласаат за иднината на нивната земја. Со мирно и демократско гласање, огромно мнозинство од оние кои го искористија правото на глас кажаа „да“ за Преспанскиот договор за спорот за името и за европскиот пат на земјата. Собранието сега е на ред да продолжи со следните чекори од имплементацијата на договорот за името со одлука за усвојување на уставните промени. Ова е историска шанса, не само за помирување во регионот, туку, исто така, за решавачки чекор напред за земјата на патот кон Европската Унија. Сите политички и институционални актери сега треба да делуваат согласно нивните уставни надлежности и над партиските линии. ЕУ ќе продолжи да ја поддржува и придружува земјата, нејзините институции и сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мета факт: Го нема ветениот нов електронски дневник, наставниците го користат стариот

Одговорните во Министерството за образование и наука (МОН) најавија дека од минатиот септември, односно од учебната 2023/2024 година, ќе биде пуштен во употреба нов електронски дневник, со кој требаше...