fbpx

Собрание: Пауза, расправија Џафери – Димовски, пауза…

-

По паузата од повеќе од еден час, шестата собраниска седница на која моментално во процедура е разрешувањето на републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски, продолжи за кратко и потоа пак беше дадена нова пауза од 10 минути. На ваквиот потег на претседателот на Собранието Талат Џафери, претходеше препирка меѓу него и Илија Димовски, координаторот на една од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, за тоа како треба да продолжи седницата, односно дали пратениците прво треба да реплицираат на обраќањето на претставникот на предлагачот, заменик-министерот за правда Оливер Ристовски или Марко Зврлевски ќе може да се обрати пред пратениците.

Само што почна продолжението на седницата и Џафери му даде збор на Зврлевски, Димовски рече дека никаде во деловникот на Собранието не пишува дека по изјаснувањето на предлагачот, може да се даде збор на лицето што се разрешува. Димовски тврдеше дека првин треба да исцрпат репликите на обраќањето на Ристовски, а потоа да му се даде збор на Зврлевски.

Џафери на ова рече дека деловникот предвидува по предлогот и образложението за разрешување да му се даде збор на лицето кое се разрешува (Зврлевски), а потоа даде 10 минути пауза за координација во врска со тоа што точно се вели во деловникот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...