!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Соботка: Утврден е кризен план за балканската мигрантска рута


       
Виена, 17 јуни, 2017 - 15:14 (META) 

Една и пол година по затворањето на западнобалканската мигрантска рута, направен е заеднички кризен план кој треба да ја подобри соработката меѓу погодените земји, нагласи австрискиот министер за внатрешни работи, Волфганг Соботка.

Иако засега е мирно долж балканската рута, намерите се де се интензивира соработката со вклучување на војската, со што би се спречиле случувањата од 2015 и 2016 година, кога стотици илјади бегалци преку Турција и Грција стигнаа до Австрија, Германија и до Шведска.

Во рамките на соработката, планирани се и редовни заеднички вежби.