fbpx

Со заем од ЕБОР од 10 милиони евра, ќе се набават 35 еколошки автобуси за Скопје

-

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе овозможи набавка на 35 нови автобуси на компресиран природен гас (КПГ) за Скопје, како одговор на растечката побарувачка за почист и поодржлив јавен превоз. Новите автобуси ќе ги намалат емисиите на јаглерод диоксид за најмалку 15 отсто.

„Заем гарантиран со државна гаранција од ЕБОР во износ од 10 милиони евра, ќе го подобри и модернизира работењето на автобусите, ќе го зајакне јавниот транспорт и ќе го подобри квалитетот на воздухот. Покрај набавката на КПГ автобусите, кои ќе ги заменат постоечките автобуси кои работа на дизел гориво, проектот ќе помогне во подобрување на работењето на самата компанија, Јавно сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје, кое е во целосна сопственост на Градот Скопје“, велат од ЕБОР.

Пакетот за техничката соработка ќе му помогне на Градот Скопје за изготви Акционен план за зелени градови до 2020 година. Ова е основата, преку која секој поединечен град вклучен во оваа програма, потпишува дека се вклучува во Програмата за зелени градови на ЕБОР, определувајќи сопствени цели за еколошко подобрување на состојбите и мапира начини како истите да ги постигне.

Скопје е еден 20 градови кои се вклучија во оваа Програма за зелени градови на ЕБОР, под која 15 градови веќе работат со поединечни индивидуални Акциони планови за Зелени градови (АПЗГ). Набавката на новите автобуси е почеток на проектот од оваа програма за зелени градови на ЕБОР, во кој Градот Скопје планира да се инволвира.

Поддршката за техничка соработка во износ од 1,1 милион евра е поддржана од Акционерскиот специјален фонд (АСФ), и ќе биде достапна за потребите на поддршка во реорганизација на работењето на автобусите во Скопје и подготовката на Акциониот план за Зелени градови.

До денес ЕБОР има инвестирано 1 милијарда 832 милиони евра во 113 проекти во македонската економија, од кои најголем дел се во секторот на инфраструктура.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...