fbpx

Со условни казни ослободени деветтемината обвинети за насилствата во Собранието

-

Сите деветмина обвинети за насилствата во Собранието на 27 април денеска на рочиштето во Основен суд Скопје 1 добија условни казни, откако ја признаа вината, за да добијат поблаги казни. Тие беа обвинети за учество во толпа која ќе спречи службено лице во извршување службена должност.

Сите, освен Димче Христовски – Жабата, добија условни казни од 6 месеци затвор ако го повторат делото во рок од една година. Христовски доби условна казна затвор од година ипол, а периодот во кој не смее да го повтори делото е пет години.

Христовски има криминално досие – бил казнет со десетина години затвор поради двојно убиство во Прилеп.

На 27 април во Собранието група граѓани од протестот организран од „За заедничка Македонија“ упаднаа во Собранието при што повредија неколку пратеници, а повредени беа и новинари и граѓани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...