fbpx

Со црвено, жолто и зелено ќе се ограничува возењето при зголемено загадување на воздухот

-

Министрите за економија и за внатрешни работи, Крешник Бектеши и Оливер Спасовски, денеска во Скопје ги промовираа новите законски одредби за намалување на загадувањето на воздухот од возилата, предвидени со Законот за изменување и дополнување на законот за возила, со кои се воведува категоризација на возилата со налепници.

По стапувањето на законот на сила, со зелена налепница, односно 1 еколошка категорија, ќе се означуваат возилата со стандарди Евро 5 и Евро 6, како и возилата со Евро 4 на кои е вграден уред за течен нафтен гас или компримиран земјен гас, како и електричните и хибридните возила. При енормно зголемување на загадувањето на воздухот во градовите, тие возила ќе може слободно да се движат во заштитените еколошки зони, според одлуките на општините и Град Скопје.

Втората еколошка категорија, со жолта налепница, ќе ја сочинуваат возилата со стандарди Евро 3 и Евро 4, како и возилата со Евро 2 на кои е вграден уред за течен нафтен гас или компримиран земјен гас. За тие возила при зголемено загадување ќе има ограничување на движењето, според одлуките на општините и градот Скопје.

Во третата, најниската категорија, која ќе се означува со црвена налепница, ќе бидат возилата со Евро 2 или Евро 1 стандард, или без таков стандард. За нив ќе биде забрането сообраќањето во периоди на загадување на воздухот.

Целта на измените е да се намали загадувањето на воздухот од страна на возилата.

Предлог-законот предвидува и субвенции од 5.000 евра за секое купено електрично возило, а 3.000 евра за купено хибридно возило. Во првата година по стапувањето на законот ќе се доделат вкупно 200 такви субвенции.

Исто така, ќе се субвенционира вградувањето на уреди на течен нафтен гас или на компримиран земјен гас, односно метан, и тоа најмногу 50 отсто од трошоците за набавка и вградување на уредот, но најмногу до 300 евра по возило. Во првата година се планираат 1.200 такви субвенции.

Предлог-законот предвидува и субвенционирање на купување на ново возило ако претходно користеното возило се одјави, односно повеќе не се користи.

Со законските новини се укинува и налепницата за регистрација на ветробранското стакло на возилата, која што чинеше 60 денари. Според Спасовски, таа налепница не играла никаква улога, оти задолжително при контрола морала да се покаже сообраќајната дозвола.

Исто така, во новите мерки е и унифицирана светлечка табла за такси возилата, која денеска во центарот на Скопје ја промовираа министрите Бектеши и Спасовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а...