fbpx

Со сметка од 50 евра, во Грција имате право да побарате враќање на ДДВ

-

Грчките власти ја намалија границата за враќање данок на додадена вредност (ДДВ) на купени производи, бела техника и облека во Грција за странски државјани.

Ако досега за да ви биде вратен ДДВ беше неопходно најмалата сума на една сметка да биде 120 евра, со одлука на генералниот секретаријат за јавни приходи, сега сумата е намалена на 50 евра.

Отсега со секоја сметка во износ од повеќе од 50 евра, странските посетители и туристи, меѓу нив и македонските, може при излегувањето од Грција да побараат да им биде вратена сумата од ДДВ.

За сметки од 50 до 70 евра ќе ви бидат вратени 6 евра, додека, пак, од 70 до 120 евра сумата ќе биде 12 евра. Парите може да ги побарате или на фри-шопот на граничниот премин Богородица или, пак, на конкретните точки за враќање ДДВ за производи купени во странство во Скопје.

Одлуката да се намали сумата за која ќе може да им се врати ДДВ на странските граѓани е донесена за да се поддржат грчките трговски компании, чии производи се нудат без данок. Грција досега имаше прилично висока гранична сума за повраток на ДДВ, 120 евра. За споредба, на пример, во Кипар таа сума подолго време е 50 евра, во Португалија е 62 евра, а во Шпанија – 90 евра. Намалувањето на ДДВ се смета и за можност Грција да се приближи до европскиот просек околу оваа политика.

За да добиете повраток на ДДВ, неопходно е да имате соодветен формулар, кој го добивате штом побарате враќање на данокот при купувањето на производите. Формуларот треба да се приложи на грчката царина и важи 90 дена, односно парите може да ги побарате во рок од три месеци.

Надежите во Грција се дека оваа мерка можеби ќе помогне да се зголеми потрошувачката на странските посетители и туристи во Грција и да се зголеми профитот на грчките трговци. Проценките се дека и во Грција и општо во ЕУ, туристите трошат многу помалку од претходните години, делумно поради намалениот туристички буџет, сумите кои се плаќаат за визите, но и стравот од можни терористички напади.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...