This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Fri Aug 17 13:13:50 2018 / +0000 GMT

Со перформанс „Мора мораториум“ се протестираше за заштита на Охридско Езеро




Со мирен протестен перформанс, кој тргна од Лагадин, и застанувајќи на неколку места, заврши пред зградата на Општина Охрид, денеска балерината Гарсиа Елена од театарот „Баљшој“ од Москва, Охрид SOS и здружението Стар Лагадин, поддржани од Go green – Биди зелен, Фронт 21/42 и Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н., заедно со туристи од Белгија, Италија, Франција, Русија, Молдавија, Грузија, Србија и други држави, побараа прекинување на прекумерната и непланската урбанизација на бреговите на Охридското Езеро.

Карванот кој тргнувајќи од Лагадин, застана кај Горица, Свети Стефан и Студенчишко Блато имаше една порака за Општина Охрид - прогласување на мораториум според шестата препорака на УНЕСКО, како и поништување на Општиот акт за Лагадин, односно стопирање на сите издадени дозволи за градење и стопирање на издавање нови.

Балерината Гарсиа Елена изведе дел од сцената „Умирање на лебедот“ од балетот „Лебедово езеро” на Чајковски. Подигањето на црните згради со црвени покриви ја симболизираше разуларената урбанизација, која го „убива“ лебедот како симбол на убавината и сето живо во природата, како симбол на Охридското Езеро.

Поетот Бруно од Франција, пак, рецитираше поема која ја напишал за Охридското Езеро и неговата одбрана од урбанизацијата.

Организаторите на протестот побараа да престане префрлувањето на одговорноста меѓу државната и локалната власт и итно преземање на сите потребни чекори за целосно спроведување на шестата препорака на Реактивната мисија на УНЕСКО –запрогласување на мораториум на сите крајбрежни и урбани трансформации на пoдрачјетo на Светскoтo наследствo, сè додека не се изработат сите релевантни плански документи, додека не се прифати соодветна правна регулатива и се воспостават ефикасни механизми за контрола.

Организаторите на протестот укажаа и на незаконитоста на Општиот акт за Лагадин со кој се овозможи урбанизација на овој дел на крајбрежјето и побараа да не се дозволи  спорниот хотел во Лагадин да се изгради.

Post date: 2018-07-31 16:13:35
Post date GMT: 2018-07-31 14:13:35
Post modified date: 2018-07-31 16:13:35
Post modified date GMT: 2018-07-31 14:13:35

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com