fbpx

Со овие закони, пак ќе има сомнителното финансирање на партиите

-

Со постојната законска регулатива, не се земени предвид проблемите од претходните избори со финансирањето на изборните кампањи и на партиите и тоа што беше детектирано претходно, ќе се повтори на претстојните избори. Изборниот закон сега дозволува рок до три месеци за партиите да ги поднесат финалните финансиски извештаи, што би оставило доволно простор за „штимање“, за разлика од порано кога тој период изнесуваше еден месец.

Ова беше кажано на јавната дебата „10 години заробена држава“, во која се зборуваше за скапите изборни кампањи што се плаќаат со сомнителни пари, за трошење на народни пари за саморекламирање и за државниот рекет врз стопанството и врз народот.

– На претседателските избори во 2014 година, во финансискиот извештај на ВМРО-ДПМНЕ пишуваше дека биле потрошени 770.000 евра, а собрани 485.000 евра, па тие 285.000 евра партијата ги пријави како минус. До 28. ден од истекување на рокот за поднесување на извештајот, не се случувало ништо со сметката, а два дена пред истекот на рокот, на сметката легна донација од 260.000 евра. Минусот на сметката кој изнесуваше 8.023.650 денари, државата им го плати за истата сума до дени, врз основа на исплата по добиен глас – изјави аналитичарот Суад Мисини.

Тој даде повеќе примери според кои, износот што државата го исплаќа по број на освоени гласови, до денар се совпаѓа со минусот кој владејачката партија го прикажува во финансискиот извештај за изборната сметка.

Шокантна, според него, е и нефункционалноста на надзорните институции за постапување по одредени случаи за кои има одредени индикации за поведување соодветна постапка.

– За време на парламентарните избори, ВМРО-ДПМНЕ објави дека во партискиот фонд се собрани 850.000 евра членарина, нешто што до 2014 година не се имаше случено. Иако со закон е предвидено, нема регистар на донации за да се види кои се луѓето што донираат, колку донираат. Дури Државната комисија за спречувања на корупција по изборите има право да испита дали некој од донаторите на победничката партија имал привилегија за бизнисот поради тоа што донирал и дали некој од донаторите на опозицијата трпи штета поради тоа што донирал – истакна Сашо Орданоски од „Транспарентност Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...