fbpx

Со новиот закон за енегетика нема да се зголеми цената на струјата на домаќинствата

-

Цената на струјата за домаќинствата нема да се зголеми со новиот предлог-закон за енергетика кој помина на владина седница, тврди вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Тој рече дека домашното производство на електрична енергија ќе биде насочено кон граѓаните, за да тие, особено од најранливите групи, бидат заштитени од покачување на цените на струјата.

– Цената на електрична енергија на домаќинствата е загарантирана со две работи, првата работа е дека ќе се воведе универзален снабдувач кој на ЕЛЕМ ќе има обврска да му дава 80 проценти од сопственото производство до 2019 година, а второ со воведување на категоријата енергетска сиромаштија која на најранливата категорија на граѓани ќе им помогне во справување со плаќањето на цената на енергенсите. Универзалниот снабдувач, ќе биде избран на тендерска постапка, по донесување на Законот. Низ годините, процентот што ЕЛЕМ ќе му го дава на универзалниот снабдувач ќе се намалува, за во 2025 година, да изнесува 30 отсто – додаде Анѓушев.

Со новиот закон, ќе се разграничи и државната сопственост на енергетските компании, па така,  ЕЛЕМ останува под ингеренции на Владата, МЕПСО од Министерство за економија поминува под Министерството за транспорт и врски, додека Македонски енергетски ресурси (МЕР) е под надлежност на Министерството за економија.

Анѓушев рече дека на тој начин се децентрализира надлежноста на Владата и се дисперзираат надлежностите над енергетските компании на повеќе државни органи.

Прашан во однос на конфликтот на интереси во овој закон, од една страна тој како член на Владата кој го предлага и од друга страна како бизнесмен, сопственик на хидроцентрали кој треба да го применува, Анѓушев рече дека неговото 20-годишно знаење во делот на енергетиката само придонело овој закон подобро да биде направен и да биде поквалитетен.

– Ценам дека личносто искуство од 20 години даде и придонесе да се реши овој проблем конечно. Јас, согласно законот за конфликт на интереси не менаџирам со компаниите. Компанијата за трговија со електрична енергија е веќе скоро продадена. Излезе решението од Комисијата за заштита на конкурентноста, а малите хидроелектрани се добиени пред 10 години и тоа по јасно одредени правила. Законот за енергетика го правеа работни групи кои беа потпомогнати од УСАИД за што ја користам приликата да се заблагодарам. Во Владата апсолутно не можете да влијаете на целиот текст на законот, ниту да направите какви било отстапки во таа насока – појасни Анѓушев.

Министерот за економија, Крешник Бектеши истакна дека Законот за енергетика ќе има позитивни економски и социјални влијанија.

– Донесувањето на овој закон означува крај на монополот и дава избор на потрошувачите. Малите и средни претпријатија имаат можност да купуваат електрична енергија и гас по сопствен избор. Се зголемува конкурентноста, преку воведување на премиум тарифите . Ќе донесеме годишна програма, со мерки за намалување на енергетска сиромаштија, преку субвенции за стечајните работници, пензионерите со ниски примања и други ранливи категории – нагласи Бектеши.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Посебен сообраќаен режим в недела заради атлетска трка на Средно Водно

Во недела, со почеток во 9 часот, поради атлетска трка на 10 километри, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот...