fbpx

Со најавената реформа Спасовски му препушта дел од ингеренциите на Николовски

-

Со најавената реформа на безбедносно-разунавачкиот систем во Македонија голем дел од надлежностите на министерот за внатрешни работи (во моментов  Оливер Спасовски ) преоѓаат во рацете на директорот на новоформираната Агенција за внатрешно разузнавање со чие основање ќе се укине постоењето на Управата за безбедност и контраразузнавање (сега директор е Горан Николовски).

На Единствениот национален регистар на прописи на Република Македонија се објавени повеќе нацрт закони кои се однесуваат на оваа реформа меѓу кои се предлог законот за Агенција за внатрешно разузнавање, предлог закон за изменување на законот за следење на комуникациите, предлог закон за изменување на законот за внатрешни работи и предлог законот за изменување на законот за странци.

Според предложената регулатива, новата Агенција за внатрешно разузнавање би требало да почне да функционира од јуни, 2019 година, а се основа „заради заштита на националната безбедност на државата,  независноста, суверенитетот, уставното уредување, основните слободи и права на човекот и граѓанинот гарантирани со Уставот на Република Македонија, како и други работи од интерес на националната безбедност на државата“.

Таа ќе се основа како самостоен орган на државната управа со статус на правно лице. Се предвидува директорот на Агенцијата да го именува и разрешува Владата на Република Македонија на предлог на претседателот на Владата на Република Македонија.

Мандатот на директорот изнесува пет години со право на повторен избор за уште еден мандат. Владата на Република Македонија ќе го именува директорот во периодот од 20 мај до 1 јуни 2019 година.

Со измените на законот за следење на комуникациите овластувањата кои произлегуваат за министерот за внатрешни работи, а се однесуваат на барањето за издавање наредба за спроведување на мерките за следење на комуникациите кои се однесуваат на заштита на интересите на безбедноста и одбраната на државата се пренесуваат на директорот на Агенцијата за внатрешно разузнавање.

Според предлог законот за изменување на законот за странци, Министерството за надворешни работи по поднесено барање за издавање виза ќе обезбедува претходна согласност од Агенцијата за внатрешно разузнавање, во случаи кога постои сомневање дека странецот претставува опасност за јавниот ред и поредок и националната безбедност на Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...