fbpx

Со македонските возачки дозволи ќе се вози и во Германија

-

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорот на Германија, Томас Герберих, денеска во Скопје ја потпишаа заедничката декларација меѓу македонското МВР и германското сојузно министерство за транспорт и дигитална инфраструктура, за олеснување на постапките за меѓусебна замена на возачките дозволи на граѓаните од Република Македонија и Сојузна Република Германија.

Со тоа македонските државјани во Германија ќе може да управуваат возила само со македонска возачка дозвола и ќе нема потреба да вадат меѓународна дозвола.

-Овој процес со години беше заглавен во лавиринтите на меѓусебното нормативно усогласување помеѓу  надлежните служби на Македонија и Германија, без надеж за успешно решавање на отворените прашања. Граѓаните со право беа нестрпливи, затоа што со години  им беа давани празни ветувања, но од денес, со потпишувањето на Декларацијата,  ќе им  овозможиме на нашите граѓани, од двете пријателски земји, да ги користат бенефитите од меѓусебното признавање на возачките дозволи – рече Спасовски.

Такви и слични договори веќе има со повеќе европски земји како Италија, Шпанија, Белгија, Романија, Чешка, Унгарија, Австрија, како и со земјите од регионот – Србија, БИХ, Албанија, Словенија, Хрватска, Бугарија, Црна Гора, а во завршна фаза се договарањата со Турција, Велика Британија, соседно Косово, како и Австралија и Нов Зеланд, известуваат од МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...