fbpx

Со косовски пасош во Русија само ако се учествува на меѓународен настан

-

Руската амбасада во Белград денеска соопшти дека со косовски пасош може да се влезе во Русија само во случај во Русија да се одржува меѓународен настан на меѓународни организации во кои членува Косово.

„Русија, како и низа други земји што не ја признаа независноста на Косово, издаваат визи во облик на специјален формулар што се вметнува во косовските пасоши, а печат за преминување на руската граница не се става во пасошите“, се наведува во соопштението.

Руската амбасада додава дека руската практика е во согласност со српската практика на третирање косовски документи и оти е воведена со знаење на српските власти.

Амбасадата наведува дека не е променет ставот на Русија за Косово, кој се темели на меѓународното право и на резолуцијата 1.244 на Советот за безбедност на ОН.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...