fbpx

Со брзина на полжав: 5 години се ремонтираат 31 км. од пругата кај Неготино од Коридорот 10

Наместо да сообраќаат со брзина од 120 километри на час, веќе петта година по ред возовите на пругата од Ногаевци до Неготино се движат со намалена брзина поради недовршената реконструкција на железничкиот Коридор 10 со должина од 31 километар

-

Наместо да сообраќаат со брзина од 120 километри на час, веќе петта година по ред возовите на пругата од Ногаевци до Неготино се движат со намалена брзина поради недовршената реконструкција на железничкиот Коридор 10 со должина од 31 километар. Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во декември 2013 година го означи почетокот на рехабилитацијата на овој сегмент од главната пруга во земјава, но до денешен ден се пробија сите рокови за завршување на проектот.

Ирфан Асани, директор на јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на РСМ“, во изјава за „Мета“ нагласува дека досега се завршени околу 82% од градежните работи. Тој посочува дека две главни причини довеле до одолговлекување на ремонтот на пругата.

Најголемиот интензитет на работите, посочува директорот Асани, се одвивале за време на бегалската криза од 2015 година, кога морало да се прекинат активностите на терен.

– Во меѓувреме, се случи и ситуација кај што фирмата – изведувач се соочува со процес на реконструкција на самата себе и на некој процес на затворање на повеќе фирми во холдингот и тоа е еден плус елемент кој моментално не остава во незадоволувачка позиција – вели Ирфан Асани.

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура е во постојани консултации со владата и многу брзо ќе се знае која опција ќе се избере за довршување на ремонтот на пругата Ногаевци – Неготино. Едната можност е да се прекине договорот со бугарската компанија „ЦК – 13 Холдинг ЈСЦ“ и да се бара нов изведувач. Ова би довело до понатамошно пролонгирање на изведбените работи, така што во предвид е земена и опцијата за довршување на проектот со постојниот изведувач.

За ремонт на пругата Ногаевци – Неготино се зеде кредит во износ од 9,4 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Со рехабилитацијата требаше да се овозможи замена на старите прагови и шини, како и санација на долниот строј од пругата, со што би се зголемила брзината на движење на возовите на најважната железничка линија во земјава.

Актуелната влада пред еден месец го усвои Предлогот на Националната програма за железничка инфраструктура за периодот од 2019 до 2021 година, со којшто се предвидува во наредните 2 години да се доврши и овој проект за ремонт на пругата од Коридорот 10.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...