fbpx

Со бетонирани партиски ставови се оди на продолжението на собраниската седница

-

Пред почетокот на денешното 11. продолжение на конститутивната седница на парламентот, со вообичаените партиски соопштенија утрово се огласија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ бара „парламентот и Ѓорге Иванов да ја испочитуваат и да ја спроведат мнозинската волја на 700.000 граѓани, преточена во 67 пратенички мандати и да овозможат избор на нов собраниски претседател и нова влада, без одложување“.

Партијата вели дека „Груевски не смее да се заканува со насилство во обид за спас од одговорност за направениот криминал со неговите неколкумина соработници“, но и дека „мирниот трансфер на власта е највисок државен интерес за Македонија и дека институциите се должни да овозможат спроведување на демократските процеси“.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека „народот не прифаќа ниту тиранска платформа, ниту тиранска влада“.

„Народот не дозволува да биде измамен и криминалци да му ја раскрчмуваат државата. Криминалецот Заев и злосторничкото здружение од врхушката на СДС се во паника. Не можат да ги испорачаат ветувањата со кои се уценети. Знаат дека ќе мора кривично да одговараат и да одлежат подолги затворски казни. СДС изгуби на изборите и покрај тоа што криминалецот Заев со срамни ветувања доби поддршка од Сорос и од нарко-мафијашките структури од подземјето“, се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...