Со автобуската станица во Скопје ќе управува компанијата „Руле турс“


       
Скопје, 31 март, 2015 - 10:36 (META) 

Компанијата „Руле турс“ за 213 милиони денари, односно за четири милиони евра, повторно ќе управува со Автобуската станица – Скопје, одлучено е на денешното јавно наддавање.

Оваа компанија ќе менаџира со автобуската следните 15 години.

На наддавањето учествувале и фирмите „Вардар експрес“, СИЗ за Патен сообраќај (Македонија сообраќај – АМЕРИТ) Скопје.

Компанијата „Руле турс“ стопанисуваше со автобуската станица во Скопје и изминатите десет години.

За сопствениците на оваа компанија се вели дека се во блиски роднински врски со Софија Лаличиќ, судијата која во една од „бомбите“ на лидерот на СДСМ разговара со директорот на Управата за безбедност и контраразунавање Сашо Мијалков.