fbpx

Со 10-те пратенички групи, ВМРО-ДПМНЕ ја заврши „конструктивноста и попустливоста“

-

„Kонструктивноста што некои ја нарекуваа попустливост во нашето дејствување, завршува денеска“, порача минатата недела лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по 17-те обвиненија што ги поднесе Специјалното јавно обвинителство против него и други високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија формираа десет пратенички групи и почнаа со блокада на работата на парламентот. Секој координатор има право, а тоа почна да се користи, да побара пауза, стенограми и видеоснимки од седницата.

Овој потег на пратениците од опозицијата се толкува како спроведување на терен на пораката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, дека нивната конструктивност завршила, а намерата е со десетте пратенички групи да се блокираат законите од итните реформски приоритети, почнувајќи со блокада и со одолжување на постапката за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, денеска обвини дека формирањето на десет пратенички групи од ВМРО-ДПМНЕ е начин за блокада на Собранието. Тој на прес-конференција рече дека ВМРО-ДПМНЕ има право да ги формира пратеничките групи, но не за да ги опструира реформските процеси.

– ВМРО-ДПМНЕ се однесува лицемерно и неодговорно. Ги повикувам да се откажат од несовесниот потег, кој е спротивен на државните и интересите на граѓаните. Ние како парламентарно мнозинство ќе ги преземеме сите мерки за да ги спречиме во намерата. Од авион се гледа дека опструираат за да не биде разрешен Марко Зврлевски – рече Тунтев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...